mitri 1847 Napisano Avgust 28, 2010 Rashodovani bajker, 1731 postova Lokacija: KŠ Motocikl: SunRa Shino Prijavi odgovor kao problematičan Програма на 19-то Мото рели „Македонија – Независност 2010“ 19-то то меѓународно мото рели „Македонија – Независност 2010" ќе биде организирано на 3, 4 и 5 септември / петок, сабота и недела/ 2010 година. Организатор: Мотоциклистичка федерација на Македонија во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, преку Организационен одбор. Патронат: Влада на Република Македонија, Покровители: Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт на Р.М. Со-организатори; Министерството за внатрешни работи на Р.М., и општините; Велес, Свети Николе, Карбинци, Штип, Радовиш, Струмица, Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Крушево, Ресен, Охрид, Струга, Кичево и општина Центар - Скопје и Градот Скопје. Маршрута: - на 3.09. / петок/ 1-ва етапа; Скопје, Велес, Свети Николе, Штип, Радовиш, Струмица, Дојран = 230 км. - на 4.09. /сабота/ 2-ра етапа; Дојран, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Ресен, Галичица, Охрид /Струга = 260 км. - на 5. 09. /недела/, 3-та етапа; Охрид/Струга, Кичево, Стража, Скопје = 170 км. Учесници: околу 500 учесници (400 мотоциклисти-возачи и 100 совозачи) од Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и др. европски земји. Стартни пакети: маици, билтен, стартни броеви, сендвичи на полуетепите. Котизација: За клубови-членки на МФМ: за возачи по 600 денари, а за совозачите по 300 денари. За останати клубови и за поединци: за возачи по 1.500 денари, а за совозачите по 1.000 денари. За странци: за возачи 10 евра, за совозачи 5 евра. Ветерани над 65 години, бесплатна котизација. Citat Podeli ovaj odgovor sa prijateljima Link to post Share on other sites More sharing options...