По повод формирањето на МК GoBikers од Гостивар, на 28.06.2008 ве покануваме на мото забава на која ќе присуствуваат клубови од земјава како и гости од Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Босна, Хрватска како и од други европски земји.
Распоредот на настаните е следен
28 Јуни 2008 (Сабота)
-Од 09:00 до 13:00 часот пристигнување во Хотел – Мотелско сместување цена 8,5 евра
или 500 ден.
-Од 13:00 до 14:00 часот дефиле низ улиците на Гостивар со атрактивно 20 минутно
задржување на плоштад.
-Во 14:00 часот поаѓање за село Вруток – посета на изворите на река Вардар.
-Во 16:30 часот врачање од село Вруток за Гостивар и пауза за ручек.
-Од 18:00 до 18:30 часот пријавување на поединци и екипи за натпревар на прифатен
пункт.
Почеток на натпревари во 19:00 часот:
1. бавно возење
2. возење на едно тркало (предно – задно)
3. индивидуални активности
4. БРЗО ПИЕЊЕ ПИВО
5. од 20:30 до 21:00 часот доделување на награди и признаници.
-21:00 часот почеток на жива свирка
-во 01:00 до бесвест во дискотека Елдорадо рок забава, ТАНЧЕРКИ и други
изненадувања.
29 Јуни 2008 (Недела)
Добро одморени појадок задолжително Гостиварски бурек поздравување и правец дома.
Ako se neko nage u blizini (a i u daljini) obavezno dodjite svi su DOBRODOSLI.