da data odrzavanja reli Makedonije je u navedenom terminu evo link sa celim programom relija. tema foruma u vezi reli Makedonija
Она што е сигурно е дека котизацијата ќе биде 900 денари за возач и 900 за совозач (со образложение дека и совозачот ги добива истите работи како и возачот, моторот како мотор не менува ништо во однос на трошоците).
Оние кои ќе учествуваат на релито ќе треба да поминат на неколку контроли со што ќе се стекнат со право да користат бенефиции вечерта на самиот настан.
Ќе има игри за кои ќе треба да се пријавите, ќе има бендови, скара и евтино пиво, ќе има награди за учесниците и за победниците во игрите, ќе има и сертификати за секој кој ќе ги помине сите контролни точки и успешно ќе го заврши релито.
Релито ќе се вози од 7-ми до 9-ти Септември. За гостите од странство обезбеден е кампинг простор во Орман еден ден пред стартот на релито.
Предвидената рута е:
1 ден
Старт од Скопје од плоштадот Македонија во 13.00 часот. Се вози до Велес каде ќе има пауза на која ќе се положи цвеќе на споменикот во центарот на градот и учесниците ќе добијат симболични поклончиња од градот Велес. Потоа се вози до Радовиш па назад од Лакавица низ Криволак и околу 16.00 треба да пристигнеме во Кавадарци. Кампот каде ќе бидеме сите сместени е во Ваташа, таму се предвидени активности за сите учесници.
Сместувањето ќе биде во шатори, а има опција за престој во конаците на манастирот и хотелско сместување за кое организаторот ќе партиципира со 50% од цената за сместување. Ова треба дополнително да се дефинира.
2 ден
Поаѓање од Кавадарци во 11.00 часот, возиме до Прилеп, пауза во Крушево, потоа Битола и преку Галичица во Охрид. Пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 16.00 часот. Попладнето се предвидени активности за целата група и забава на која ќе бидат доделени сите признанија и сертификати за учесниците.
Сместувањето е предвидено во Калифорнија, Партизан и уште неколку хотели. Вечерата е планирана за во пицеријата „Билјанини извори“ кај каналот, но можно е да има промена на ова.
3 ден
Третиот ден е незадолжителен односно враќањето до Скопје е само за оние кои сакаат. Се тргнува од Охрид во 13.00 часот, се вози преку Дебар, а пристигнувањето во Скопје е планирано за во 16.00 часот.
Организаторот обезбедува стартен пакет во кој ќе има маица, билтен, стартен број и сертификат за учество. Обезбедена е и вечера во Кавадарци и Охрид, а сендвичи и освежување ќе има во Велес, Радовиш и Битола. Организаторот ќе учествува и во трошоците за сместување на учесниците во местата во кои се ноќева. Сите учесници кои успешно и на време ќе ги поминат контролните точки се здобиваат со право на повластена цена за храна и пијалоци во кампот како и со право на учество во игрите кои ќе ги организира МФМ.
Право на учество на релито имаат сите членови на клубови кои се и не се членки на МФМ, како и сите слободни возачи преку пополнета пријава на мотори.ком.мк